
Во вторникот малку пред 13 часот е регистриран земјотрес кој според досегашните податоци бил почувствуван од населението во Гостивар, Кичево, Маврово и околината, а бил со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 12 часот и 57 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар на 60 километри југозападно од Скопје. Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML3.3.