Во Берово е регистриран првиот случај со Ковид-19, информираше денеска градоначалникот Звонко Пекевски, кој истакна дека надлежните служби ги преземаат сите мерки, со цел да не се дозволи натамошно ширење на вирусот во градот.
-Како општина, спроведовме повеќе мерки во интерес на заштитата на јавното здравје и сме во секојдневна координација со институциите, но од исклучитална важност, е улогата на секој од нас. Од нас се бара, најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките и препораките на Владата и Светската здравствена организација. Посебно, да ја почитуваме мерката, со која се забранува собирање во групи, во паркови и на други јавни места. Воедно сакам да упатам апел, до сите граѓани, да не се крева паника и притоа ги повикувам на смирено и разумно однесување, истакна Пекевски.