Регистриран силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на северниот дел на Јапонија, а соодветните служби јавија дека нема опасност од цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал во Тихиот Океан помеѓу островот Хокаидо и северниот дел на островот Хоншу. Регистриран е на длабочина од 46 километри под површината на земјата.

Нема извештаи за жртви или материјална штета.

Потресот бил почувствуван во префектурите Хокаидо, Аомори, Ивате и Акита.