Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.