Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во текот на минатата недела се направени се 3.281 тест, а регистрирани се 196 нови случаи на КОВИД-19, што е намалување од 14,8% во однос на една недела претходно (n=230). Во: Скопје – 127, Прилеп – 21, Охрид – 10, Битола – 8, Штип – 5, Кавадарци и Кочани – по 4, Неготино – 3, Куманово, Струмица и Кичево – по 2, Тетово, Велес, Гостивар, Струга, Гевгелија, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.
Процентот на позитивност се движи од 1,5% до 8,2%, просечно 5,7%
Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 50 реинфекции со намалување од 9,1% во однос на претходната недела (n=55).
Имало заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години (n=100; 51,0%). Намалување се забележува кај сите возрасни групи во однос на претходната недела.
Регистриран e 221 оздравен пациент, 5,6% помалку во споредба со минатата недела (n=234): Скопје – 159, Прилеп – 14, Битола – 8, Штип и Кавадарци – по 5, Куманово – 4, Охрид, Кичево и Кочани – по 3, Велес, Гостивар, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 2, Крива Паланка, Делчево, Берово, Виница, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатата недела (31.10 – 06.11.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 8 починати лица, од Скопје (3), Прилеп (2), Битола (1), Охрид (1) и Штип (1). Пријавените се на возраст од 70г до 95г, а починати се во период од 14.09.2022 до 21.10.2022г. Од починатите лица, 5 се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
Во минатата недела тестиран е 3.281 материјал, со што се бележи зголемување од 12,5% во однос на минатата недела (n=2.917).
Во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ во текот на минатата недела се изработени 42 примероци на SARS-CoV-2, од позитивни примероци детектирани во текот на месеците септември и октомври од Велес, Скопје, Кавадарци, Битола, Кичево, Неготино, Гевгелија, Охрид и Струмица. Кај сите примероци е детектирана BA.5 сублинијата на Omicron сојот.
Досега во земјата се направени вкупно 2.186.573 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.342, бројот на оздравени пациенти е 334.556, на починати е 9.572, а на активни случаи изнесува 214.
На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19.
Заклучно со 06.11.2022, вакцинирани се вкупно 875.849 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 856.930 лица.