Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира 2 земјотреса чии епицентри се наоѓаат 65 километри југозападно од Скопје.
Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, првиот земјотрес е регистриран во 8.14 часот со локална Рихтерова магнитуда ML2,6, а вториот кратко по првиот во 8.21 часот со со локална Рихтерова магнитуда ML од 2,9. И двата потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево.
Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.