![zemjotres](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/zemjotres.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Повеќе помали земјотреси вчера попладне се почувствувани во тетовско-гостиварскиот регион.
По силното невреме со пороен дожд, град и грмежи кое ја зафати Македонија вчера, а кое поголеми штети и поплави предизвика во овој регион европскиот сеизмолошки центар евидентира најмалку четири потреси со јачина од 2,2 до 2,7 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот како што се наведува е помеѓу двата града.