Регулација на медиумите – Сега и веднаш!

ЗАКЛУЧОК

Уште еднаш за крај ја поздравувам иницијативата на Христијан Мицкоски. Мојот предлог можат да го разберат само здраворазумни новинари, газди и медиумски аналитичари и нормално политичари кои сакаат секогаш да кокетираат со истите, но само ако слушаат.

Медиумската политика мора да биде железничка композиција, која ја води локомотива со морал и етика, чии вагони мора секогаш и засекогаш да запамтат дека сите патници (новинари и други медиумски работници) внатре мора да се водат од максимата: „Ние имаме право на јавно искажана мисла и истата нема да ги повреди чувствата на оние кои тоа ќе го прочитаат, слушнат или видат и силно ќе го штити јавниот интерес на самата држава“. Дали тоа се случува во последниве пет месеци, се извинувам 30 години? За жал не.

П.С. Христијан Мицкоски мора да преземе категорични мерки против кодошот кој раскажувал приказни за измислениот случај „ПРОПАГАНДА“.

П.С.1 Со колегите од НетПрес мојата лична релација е следнава: Лидија Станчевска ја сакам како сестра, а со Дејан Николовски-Жуљ не’ викаат ко сабота и недела сте.

П.С.2 Лично за Зоран Трајчевски. Во комисијата за Дискриминација сега е член мојот голем другар кој ќе биде брифиран лично од мене, а сам ќе одлучи за улогата и потегот за одземање на дозволата на ТВ А2. Јас не сум Младен Чадиковски од пештерите на Јорган Планина.

ПОЧЕТОК

Цели 30 години разно-разни новинари залутани во професијата ја малтретираат јавноста со милион свои фрустрации. Тоа е факт. Но, кога легендарни новинари ќе започнат да забегуваат од својата професија е проблем. Прв таков случај е Бранко Тричковски. Какви се не фекалии исфрли врз многумина негови колеги, а чија „грешка“ е што биле на спротивната страна од неговата, за која патем си мисли дека е исправна. Но, оваа замислена новинарска екселенција сеуште не разбира дека неговата интелектуална мисла рамна на маково зрно ја пренел и на други новинари. Та од неговата, та од другата страна. Ќе обратам внимание на три случаи.

Несреќно загина детето на Крсте Мукоски. Не се прави дебата дали детето требало да вози бесна кола, напротив мора да се отвори следнава дебата: Кој од новинарите конечно ќе одговара за непрофесионалност и ќе одлежи 5 до 10 години затвор? Сеуште неможам да разберам како еден урбан лик, кој се истакнал во спорсткото новинарство, а подоцна и со контроверзни ставови во политиката, сеуште мисли дека е патриот што му напишал на Крсте Мукоски на својот пост на социјалната мрежа Инстаграм: ГОСПОД. Повод – загинувањето на синот на Крсте Мукоски. Мојот одговор до овој новинар на истиот пост беше и останува. „Не ти е срам. Па, и ти имаш деца. Стварно си говедо“. Новинарот е МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ. Големиот патриот. Лажго класичен, кој продава патриотизам на лидери на политичка партија со една пура и една чаша виски. Патриоти се оние тројца од бивши ПУИК (односно ЈПСПДП) кои му го срушија двапати тендерот на фирмата поврзана со Крсте Мукоски. И тоа во власт на Заев. Едниот од нив е вујко на моите деца и не се покриваше со јорган од страв.

Вториот и третиот случај се поврзани со како нефункционира истражувачко новинарство.

Во делот на грозоморното убиство на она преубаво детуленце Вања, и симпатичниот чикица Панче, онаа будалетинка од српски политичар објавува демек нови информации. Дали сите информации му се од бивш разузнувач кој сакаше да предизвика паника со државен удар во Македонија, заедно со неговиот другар од Србија сликан во Собранието на Македонија, а подржан од новинари…

За М-Нав некако не провејуваат овие информации кој јас ги имам. Дали е вистина дека тепаниот контролор со име Премтим е на активна фреквенција (значи контролира сообраќај над Македонија) повикан е од раководно лице, решава да го прифати повикот, заменет е на негово барање, излегува од обласна сала… и тепање и кошкање… и после истиот да продолжи да работи? Дали соодветен контролор во 2009/10 е инструктор на Беким Незири и немал намера да го пушти поради лошо знаење, па е избркан од работа? Дали Николет Тагарински, познат како Тута Бугарин, му потпишува на Беким дека поминал со знаење и станал контролор, а Тута Бугарин два мандати тера по 4 години како член на управен одбор и Директор на воздухопловна навигација, а при тоа големиот синдикалец патриот Македонец и во тоа време Александар Тасевски, не презел никакви активност ни тогаш? И за крај како што бива. Дали сопругата на обвинителот кој ги пушти во домашен притвор тепачиве, всушност работи во човечки ресурси и се вика БИЛЈАНА ПАНОВСКА? Незгодни муабети морам да признаам.

Сепак сакам да се сконцентрирам на предлогот на Христијан Мицкоски за субвенционирање на 2.000 вработени во медиумите. Одлична идеја, со мали задршки. Ова е прв политичар што вака се фатил за оро медиумско. Запамтете драги читатели, ова е со големо влијание од медиуми кои сакаат правила. Во нивна чест и на овој предлагач.

Прво Христијан несмее по ниеден услов да влезе во авантурата БЕНИФИЦИРАН СТАЖ. Јас лично после 16 години упорност и борба за ова право го добив конечниот одговор од покојниот Др. Филиповиќ по медицина на труд, на македонски со мек српски нагласок: „Сине, кој тоа ќе го докаже медицински“.

Второ Христијан мора да инсистира на создавање на посебно тело за медиуми во рамки на програмскиот сектор на истото, каде ќе има седумчлен совет и ќе ги решаваат сите проблеми поврзани со „новинарски говнарии“ во медиумите. Истото тело новинарско одговара директно на главното тело на Агенцијата за медиуми и во случај на колегијалност или новинарска сентименталност, членот новинар во неговото тело одговара кривично и материјално со претходно потпишан договор, а каде финансискиот надомест е 3 просечни плати.

Трето Христијан мора да инсистира на сметководтсвен заклучен лист со последен датум 31.12 во тековната година, з да се види влез и излез на средствата (парите) и нормално на комплетна имплементација на медиумска концентрација и поврзани лица.

Четврто Христијан јасно кажа дека нема инвестирање во МРТВ и МИА. Тоа значи дека веднаш стапува на сила законот за авторски права и лиценцирање на медиуми. Значи дека нема веќе постоење на веб страници туку „Медиуми кои своите содржини (текстуални, аудио или аудиовизуелни) ги дистрибуираат до краен корисник преку Интернет.

Само со овој потег… читај пак погоре.

Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес