Во понеделникот започна Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“ одржува форум на тема: „Регулатива на работни односи кои се специфични за ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот“, чијашто цел на овој настан е да ги претстави главните предизвици во областа на работните односи кои се специфични за ИКТ секторот во Македонија.
„ИКТ индустријата е еден од најбрзорастечките економски сектори во Македонија. Има огромен потенцијал за вработување и извоз и обезбедува можности за вработување со плати што се двојно повеќе од просекот во Македонија. ИКТ е исто така важен извор на вработување на високообразовани млади“, рече Дејвид Атебери, директор на мисијата на УСАИД Македонија во својот говор.
Во своето обраќање министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, истакна дека соработката меѓу коморите и министерството е исклучителна важна за зголемување на работливоста, а со тоа да се придонесе за раст и развој на бизнисите и економијата на ниво на целата држава.
„Законот за работни односи е во процес на менување и токму вакви настани и анализи ќе дадат голем придонес за реално согледување на промените кои треба да се направат во новиот закон. Законот може да биде совршено напишан, но доколку ставот на бизнис-заедницата не е вклучен во промените кои треба да следат, тогаш имплементацијата на одредени законски решенија може да биде неуспешна. За таа цел соработката помеѓу министерството, коморите и бизнис-заедницата е од клучно значење“, додаде Царовска.
„МАСИТ како глас и ресурс на ИКТ секторот во Македонија активно се занимава со сите прашања и предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите во своите секојдневни бизниси. Овој настан е организиран како одговор на потребите на компаниите за понатамошно подобрување на регулирањето на работните односи со цел да го поддржи растот на нивниот бизнис“, рече Анета Антова Пешева, заменик-претседател на Управниот одбор на МАСИТ.
Во анкета направена во септември со поголем број деловни субјекти, а спроведена од страна на сите партнери во проектот – првичните резултати укажуваат дека 76 отсто од анкетираните фирми сметаат дека не биле консултирани во процесот на носење на законската регулатива. Како дополнување на ова, на анкета со граѓанските организации спроведена од Епицентар во август повеќе од 64 прцоенти од анкетираните организации изјавија дека никогаш не биле вклучени во процесор на носење на законската регулатива.
„Ова несомнено укажува на потребата за подобрување на процесот на јавно приватен дијалог, што е и една од клучните цели на проектот ‘Партнерство за подобра бизнис регулатива’”, истакна Љубомир Димовски, шеф на проект на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.
Целта на конференцијата е да одговори на тековните предизвици поврзани со регулирањето на работните односи кои се специфични за ИКТ секторот, односно: презентација и анализа на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат ИКТ компаниите во однос на Законот за работни односи, плати и надоместоци од вработување; успешни приказни и искуства од регионот.
Во наредниот период, проектот ќе работи на дефинирање и решавање на прашањата кои ќе се дискутираат на овој настан, а во исто време проектот ќе работи на конструктивни решенија предложени како резултат на механизмите за јавно-приватен дијалог поддржани преку проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.
Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и трите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за ИКТ – МАСИТ и Стопанската комора на северо-западна Македонија. Преку активно учество во спроведувањето на овој проект, коморите ќе го градат својот капацитет за подобро да им служат на МСП.беше претставен проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива го организираше Форумот на темата регулатива на работни односи кои се специфични за ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот. Целта на овој настан е да ги претстави главните предизвици во областа на работните односи кои се специфични за ИКТ секторот во Македонија.