-Има зголемен број на домаќинства од вообичаеното каде што претпоставката за потрошена електрична енергија е превисока. Најголем дел од жалбите што се водат кај нас, ќе ги прифатиме, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимовски.
Во интервју за „Радио Слободна Европа“, РСЕ, Бислимовски појаснува дека таму каде што не е отчитано во изминатиот период, ЕВН Хоум ќе направи редовна и конечна пресметка.
„Не успевам да разберам како сите политички елити во државата за овие проекти не се договорат и кажат „да“, ќе ги тераме, „Чебрен“ не може да се заврши за една влада за еден мандат од 4 години, не е тоа како ‘Скопје 2014’. Значи, треба време, ама треба да се постигне општ политички консензус“, рече Бисломоски.
Тој додаде дека има неколку проекти кои се извесни и треба да се реализираат, како „Чебрен„, изградба на нова интерконективна врска со Грција, ширење на мрежи за природен гас на државата, развојно обновливи извори кои што не можат да дадат бесконечно.