Фудбалскиот клуб „Милан“ потврди денеска дека нови играчи за тимот од Милано се Пепе Реина од „Наполи“ и Иван Стриниќ од „Сампдорија“
Шпанскиот голма и хрватскиот дефанзивец дојдоа во Милано како слободни играчи, а соработката со „Росонерите“ ја договорија уште во март годинва.
Реина со „Милан“ потпишаа двегодишен договор, а Стриниќ договори три години верност со Италијанците.
Славниот клуб од Милано е во големи финансиски проблеми бидејќи кинеските сопственици не се во можност да ги вратат долговите, кои во меѓувреме се зголемија на 308 милиони евра.
УЕФА поради нерегуларности во менаџирањето на финансиите го исфрли „Милан“ од еврокуповите на една сезона, па „росонерите“ нема да можат да настапат во Лигата на Европа во која се квалификуваа со освоеното шестото место во Серија А.