Реизбрани истите обвинители за тимот на Русковска

Тоа значи дека Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа–Кузмановска и Енѓулуше Кадриу–Леши ќе продолжат да работат во тимот на Русковска.

Советот на јавни обвинители ги реизбра истите пет обвинители да продолжат да работат во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Тоа значи дека Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа–Кузмановска и Енѓулуше Кадриу–Леши ќе продолжат да работат во тимот на Русковска.

Од десетте члена на Советот тие речиси добија едногласна подршка.

Трајчева и Беслимовска добија 10 гласа “за”, а Ѓоргева, Мирческа-Кузмановска и Кадриу-Леши добија по девет гласа “за”.

Кога беше гласањето за Ѓоргева, членот на Советот се иззема и излезе од салата со оглед дека таа му е роднина по трето колено. Мирческа-Кузмановска, пак, доби само еден глас против од претседателот на Советот, Антонио Јолевски. Тој гласаше “воздржан” и за Кадриу-Леши.

Други обвинители кои конкурираа, ни не добија мнозинство гласови се: Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Арсим Адеми. Конкурираше и обвинителката Имран Османи, но таа добила негативна оцена од Вишото обвинителство поради што ме ги исполнуваше условите.