На телевизиите во Данска се појави реклама со која буквално се вели: Мајки праќајте ги вашите ќерки на одмор за да имаат повеќе секс. Оваа реклама подеднакво е реклама за патувања, но и за пораст на наталитетот во земјата.
Проекциите на демографската слика на Европа за во иднина се очајни. Наталитетот на поголемиот број нации е толку лош, што државите преку различни идеи се обидуваат да го спречат сопственото изумирање.
Додека Индија и Кина мора да размислуваат како да го сопрат преголемиот наталитет, Европа станува стар континент на кој се раѓаат се помалку деца.
Данска пак има една од најмалите стапки на наталитет. И окрај големите права и бенефиции што во таа земја ги добиваат мајките, секоја од нив раѓа по „само“ 1, 7 деца што не е оволно за да се одржи бројот на жителите над границите на издржливото.
Токму тој проблем една данска патничка агенција се одлучила да го претвори во доста успешна маркентиншка кампања која сами на Јутјуб во последните два дена постигна огромен успех – видеото го погледнале речиси еден милион луѓе.
Агенцијата Спајес Рејзер преку одлична реклама ги наговара мајките своите возрасни ќерки со партнерите да ги праќаат на „активен“ одмор затоа што истражувањата покажале дека луѓето на одмор почесто имаат сексуални односи. Мотото на нивната кампања е „Направи го тоа за мајката“.
Во Данска сеуште не се раѓаат доволно деца и покрај малиот напредок. Тоа не загрижува. Но, во целата приказна најмногу страдаат мајките што никогаш нема да го доживеат чувство да бидат баби. Ако не го направите тоа за Данска, направете го за мајката, вели нараторот во видеото.