![133328667](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/133328667.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Општина Центар ја заврши реконструкцијата на улицата “Христо Чернопеев“. Поставена е фекална и атмосферска канализација, заменета е 50 години старата водоводна мрежа, а поставени се и нови рабници.
Улицата „Христо Чернопеев“ е во должина од 350 метри и беше оштетена со ударни дупки и претставуваше опасност и за пешаците и за возилата, информира општина Центар.