Реконструирана водоводната мрежа во повеќе населени места

ЈП Водовод и канализација-Скопје во населеното место Бирарија, општина Кисела Вода изврши реконструкција на водоводната мрежа на улица Фредерик Шопен на потегот oд улица Гогољ до улица Огњан Прица.

Со реконструкцијата беа поставени полиетиленски цевки профил ND 110 милиметри во должина од 93 метри и дуктилно лиено железни цевки профил Ф-100 милиметри, во должина од 18 метри.

Воедно во населеното место Волково, општина Ѓорче Петров се изврши реконструкција на водоводната мрежа по крак од улица 101. Со реконструкцијата старите поцинковани цевки беа заменети со нови полиетиленски цевки профил ND 90 милиметри, во должина од 174 метри.

Со извршените реконструкции корисниците ќе добијат подобро и поквалитетно водоснабдување.