Реконструкција и санација на неколку улици во Црниче

​Продолжува реконструкцијата и санацијата на улици и крпење на ударни дупки на улици во Црниче.

Во моментот се изведуваат градежни работи на улиците: “Востаничка”, “Неврокопска”, “Чедомир Кантарџиев”.

По завршување на градежните работи на горенаведените улици ќе се пристапи кон санација на ударни дупки и на други улици лоцирани во Црниче.