Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Поаѓајќи од потребата за оформување на дневни центри и други социјални сервисни служби за старите лица во местото на живеење ВМРО-ДПМНЕ започна да развива мрежа од дневни центри како социјални сервисни служби за стари лица.
Во наредните четири години ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба и отворање на осум нови дневни центри и тоа во 2017 година таков дневен центар ќе биде отворен во Прилеп. Проектот има за цел да ја зголеми и да ја подобри социјализацијата на старите и возрасните лица преку нивна секојдневна комуникација и дружење. Буџет: 13.500.000 денари.
Со цел за подобрување на условите за живеење и престој на старите лица во установите за социјална заштита во наредниот период ќе се изврши реновирање на Домот за стари лица „Киро Крстевски – Платник“ – Прилеп.
Овој Дом има 151 легло, при што просториите ќе бидат реновирани и ќе бидат создадени модерни и современи услови за престој на старите лица. Овој проект ќе се реализира во соработка со Општина Прилеп. Буџет: 10.000.000 денари.
За потсетување, во нашиот десетгодишен мандат најнискиот износ на пензија беше зголемен за 90,3% додека просечната пензија за 70,3%. Во наредниот мандат ќе продолжиме со зголемување на пензиите и тие ќе бидат зголемени за 10,25%.
Воведовме бесплатна бањско-климатска рекреација за 36.700 пензионери. Проектот ќе продолжи да се реализира и во наредните четири години при што годишно ќе бидат опфатени 5.500 корисници на пензија, односно ќе бидат опфатени 22.000 пензионери во период од 4 години. Буџет за овој проект е 152.000.000 денари.
Покрај успешното спроведување на проектот за бањско-климатска рекреација на пензионерите го воведовме и проектот „Бесплатен туристички викенд“ како и 50% поефтини влезници во театрите и музеите.
Продолжуваме со посветена работа!
Со цел подобрување на животот на старите лица и грижа за материјално необезбедените и немоќни лица, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во изградба на три домови за стари лица со што ќе се дуплира постојниот сместувачки капацитет во домови за стари лица.
Предвидуваме и бесплатна вакцинација за пензионерите со просечна и пензија пониска од просечната како и за сите лица над 60 години кои не се приматели на пензија.
Исто така во новата програма предвидуваме денови за попуст на пензионери
попуст за набавка на производи за корисници на пензија во определени маркети на територијата на Република Македонија. Попустот ќе се однесува на корисници на пензија и би се користел неколку пати во текот на годината. Проектот ќе го реализира МТСП и ФПИОМ во соработка со компании кои ќе се вклучат во неговата реализација.
Почитувани,
Ова се дел од проектите кои што се реално потребни и реално остварливи за достоинсвен живот на старите лица. Во новата програма на ВМРО – ДПМНЕ се проектите кои се произлезени од граѓаните и се директна потреба на граѓаните на Прилеп и Република Македонија! Со заокружување на број 1 на гласачкото ливче на предвремените парламентарни избори ќе продолжиме заедно со реализирање на сите овие проекти со цел подобар живот на граѓаните, затоа што знаеме што е добро за Македонија!