Реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе започне ова лето

Почетокот на реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се случи ова лето, најави денеска премиерот Никола Груевски.

„Во вторник на седница на Владата ќе поднесам заклучок за итен проект на реконструкција на студентскиот дом, по неговото финализирање ќе следи и самата реконструкција ова лето“, рече премиерот Груевски.

Тој рече дека постои пропуст за реконструкција на овој студентски дом, но нагласи дека во меѓувреме реконструиран е студентскиот дом „Стив Наумов“ и за изградба на нови, за што се одвоени два милиони евра.