Реконстуирана последната сообраќајна лента кај МАНУ

Деновиве завршија градежните активности со кои се изврши целосна реконструкција на крајната сообраќајна лента на булеварот „Крсте Мисирков”, пред автобуското стојалиште кај објектот на МАНУ.

На оваа сообраќајна лента се изврши реконструкција на потег со вкупна должина од 115 метри, пред и по автобуското стојалиште.

Со реконструкцијата се замени површинскиот и потповршинскиот асфалтен слој, како и нивелирање на постојните шахти и сливници.

Rekonstruirana posledna lenta pred MANU (1)

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на булеварот „Крсте Мисирков”, пред автобуското стојалиште кај објектот на МАНУ, работеа екипи на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, а за овој зафат Градот Скопје потроши 2,9 милиони денари со ДДВ.

Rekonstruirana posledna lenta pred MANU (2)

Како дел од големиот проект за реконструкција на крајните сообраќајни ленти пред и по автобуските станици, Градот Скопје досега изврши реконструкција на асфалтот од двете страни на улицата „Димитрие Чуповски”, како и на асфалтот од двете страни на булаварот „Кузман Јосифовски Питу”.