Рекордни 39,7 степени беа одбележани вчера во неколку градови во Швајцарија, вклучително во Женева.
Ова се највисоките температури регистрирани досега на Северните Алпи.
Претходниот рекорд во градот – 38,9 степени, датира од 1921 година, додека швајцарските метеоролози прогнозираат дека може да стане уште потопло.
Во Нушател температурата се искачи на 37,7 степени, а претходниот рекорд е исто така од 1921 година – 36,5 степени.
Највисоката температура, регистрирана некогаш во Швајцарија е 41,5 степени целзиусови во Горно, кантон Граубјунден, во 2003 година.