Сопственик на луксузен стан во населбата Најстбриџ во Лондон, постави нови рекорди во висина на станарина, бидејќи месечно бара 200 илјади фунти.
Петособен стан е еден од неколку понудени за издавање во Хајд парк, инаку најскап станбен дел во светот.
Аналитичарите наведуваат дека месечната кирија за овој стан е доволна за купување на помал стан во многу делови во Лондон, а годишниот износ од 2,34 милиони фунти, би бил доволен за купување на семејна куќа во Батерсиј и Чизвик. Неделната станарина за овој стан е 45 илјади фунти.
Сајмон Прајс од агенцијата за недвижности „Севилс“ која е задолжена за недвижности во Хајд Парк, изјави дека има интерес од потенцијалните станари.
„Тоа е извонредна зграда во Лондон, со која ништо не може да се спореди,“ истакна Прајс.
Станот има 865 квадратни метри што е шестпати поголем од една типична куќа во Лондон, ходникот е долг 50 метри, има пет дневни соби, шест купатила и влез во подрум со вино како и две места за паркинг.
Главната спална соба има купатило за него и за неа, како и простор за гардероба, а на јужниот дел на станот е терасата.
Не е познато зошто сопственикот го издава станот, но е достапен на подолг период. Многу станови кои се издаваат во луксузните делови на Лондон, се издаваат на пократок период.