Рекорден број мигранти стасале во Британија преку море во еден ден

Бројот на мигрантите кои пристигнуваат во Велика Британија со мали бродови достигнал рекордни нивоа во еден ден во понеделникот, во времето кога продолжува растот на опасните преминувања на каналот Ламанш и покрај владините планови оние коишто нелегално влегување во земја да ги депортира во Руанда.

Британското министерство за одбрана објави дека пресретнале 1.295 лица во 27 бродови откако во понеделникот го започнале своето преминување од континентална Европа. Оваа бројка го надминува претходниот дневен рекорд од ноември минатата 2021 година кој изнесуваше 1.185 лица.

Премиерот на заминување Борис Џонсон се надеваше дека заканата со депортација во Руанда најавена во април покрај другите обиди, како предавањето на должноста на пресретнување на мигрантите на воената морнарица, ќе биде чин на одвраќање за оние кои стигнуваат со гумени и со мали чамци.

Според договорот од април, Британија ќе испрати десетици илјади мигранти коишто ќе стасаат на нејзините брегови илегално во повеќе од 64.00 километри оддалечената источноафриканската земја.

Таквата политика ќе биде предмет на правен предизвик на лондонскиот Висок суд на почетокот од септември кога коалицијата на групите за заштита на човековите права и синдикатите ќе изнесат дека ткн „руандска политика“ е неморална и неостварлива.

Првиот планиран депортациски лет кој беше планиран во јуни во последен момент го блокираше Европскиот суд за човекови права.

„Зголемувањето на опасните преминување на каналот не неприфатливо. Не само што се злоупотребуваат напите имиграциски закони, туку и ги ризикуваат животите на ранливите луѓе, коишто ги експлоатираат безобѕирните криминални банди“, изјави портпаролот на британската влада.

Во 2021 година забележано е дека 28.526 лица стасале со малите бродови, најмногу од Иран, потоа од Ирак, Етиопија и Сирија. Досега годинава повеќе од 22.00 стасале во Велика Британија, додека владините функционери предупредуваат дека до крајот на годината таа бројка ќе изнесува 60.000 лица.

Двајцата кандидата кои се борат да го заменат Џонсон на позицијата челник на владејачката Конзервативна партија и следствено и британски премиер, Лиз Трас и Риши Сунак, ветија дека ќе продолжат со ткн „руандска политика“.