0.8 C
Skopje
четврток, јануари 2, 2025

Рекорден број новозаразени од омикрон во европските земји и во САД

Омикрон ги руши рекордите на претходникот Делта, само за еден месец бројот на нови инфекции е двојно зголемен.

Заклучно СО вчера во светот се регистрирани нови 1,4 милиони позитивни на Ковид-19, само во САД се забележани над 400 илјади новозаболени. Франција, Италија, Грција, Португалија и Англија, исто така пријавија рекорден број на новоинфицирани.

Иако се претпоставува дека Омикрон е поблаг од Делта, остануваат стравувањата дека големиот број случаи кои произлегуваат од високо заразниот Омикрон може да ги преполнат здравствените установи и да ги блокираат здравствените системи, предупреди СЗО. Организацијата и натаму алармира дека ризикот од Омикрон е многу висок. Првичните студии пак смируваат, клиничката слика на заразените е поблага, а тоа се добрите вести во пандемијата, охрабрува британскиот вирусолог Кемпбел.

„Се повеќе ќе личи на настинка, како што омикрон се шири низ популацијата масовно ќе го поттикнува т.н. имунитет на стадо и верувм дека тоа во голема мера ќе го намали влијанието на оваа пандемија врз сите наши животи, бидејќи имунитетот ќе се зголеми навистина драматично. Така што омикрон е најдоброто нешто што ни се случи од почетокот на пандемијата или можеби ќе биде, ќе знаеме набргу и за неколку недели ќе бидеме сосем сигурни, но до сега изгледа ветувачки.“- Д-р Џон Кемпбел.

Во меѓвреме, во Полска денеска се забележани 794 смртни случаи или најголем број починати за само еден ден во овој бран на пандемијата, полските здравствени власти објавија дека од нив 75% не биле вакцинирани. И во соседна Грција последните 24 часа се заразени над 21000лица, што е двојно повеќе од заразените во понеделникот, кога беа пријавени околу 9000 нови случаи,А 60 лица ја загубиле битката со вирусот. Турција денеска регистрира над 32. 000 нови заразени и 184 починати. Здравствените власти во Бугарија пак очекуваат дека до средина на јануари омикрон ќе стане доминантен сој.