Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

Во Германија минатата 2022 година остро пораснал бројот на лицата коишто поднеле барање за азила, кои сега ги има 217.774, со истовремено повеќе од милион бегалци од Украина кои не мора да поднесат барање за азил за да добијат правна и социјална заштита соопшти во средата бирото за статистика.

„Во Германија во 2022 година првпат барање за азил поднеле 217.774 лица, што претставува пораст од 48 отсто во споредба со претходната година“, соопшти Сојузното биро за статистика чие седиште е во Визбаден.

Најголем број поднесители на барањата за азил доаѓаат од Сирија, а потоа следат Авганистан, Турција, Ирак и Грузија.

Околу милион бегалци кои по руската инвазија во Украина пристигнале во Германија не влегуваат во овие статистики, поради тоа што според насоките на Европската унија за украинските бегалци не е задолжително да поднесат барање за доделување азил за да добијат заштита од германскиот социјален систем.

Со тоа бројката на лица кои во Германија во текот на една календарска година побарале заштита ја надмина бројката од 2016 година, кога во земјата влегоа речиси милиони бегалци од Сирија.

Во 17 отсто од сите поднесени барања за азил годинава донесено е позитивно решение, а одбиени се 21 отсто од барањата. Во другите случаи одобрена е заштита на неодредено време, поради можните ризици по нив доколку се вратат во нивните татковини.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер изјави дека бројот на подносителите на барањата за азил расте и покрај бројните мерки кои за цел имаат да бидат намалени илегалните преминувања на границите.

„Ние донесовме многу мерки за посилно да ја насочуваме и ограничуваме миграцијата во Германија“, рече Фезер реагирајќи на најновите статистики. Меѓу засилените мерки спаѓа и јакнењето на граничните контроли кон Австрија и Чешка, како и засиленото протерување на лицата на коишто им е одбиено барање за азилот.

Опозициските демохристијани од Унијата на Христијанско-демократската унија и баварската Христијанско-социјална унија (CDU/CSU) ја критикуваше владата составена од Социјалдемократската партија на Германија (SPD), Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) и либералните Слободни демократи (FDP), дека не прават доволно во спречувањето на илегалните преминување на границите.

„Со великодушните правила кога станува збор за лица кои всушност не би смееле да бидат во Германија, сојузната влада испраќа погрешен сигнал кој ја издвојува од другите земји во Европа“, изјави портпаролот на внатрешнополитички теми на пратеничката група на демохристијаните, Александер Тром.