Рекорден број потврдени зарази во САД

Со просечно 316.000 новозаразени со коронавирусот на дневно ниво во изминатите седум дена, бројот на новозаразените во САД достигнал на нов максимум, соопшти четвртокот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC).

Според CDC, тоа одговара на зачестеноста од малку помалку од 700 новозаразени на 100.000 жители. Бројот на случаите на зараза во САД забрзани расте од непосредно пред католички Божик.

Во текот на големиот коронавирусен бран ланскиот декември и годинешниот јануари, пак, седумдевниот просек на заразите се искачи на 250.000 дневнo, според податоците на CDC. Еднодневниот рекорд од речиси 490.000 нови случаи на зараза со коронавирусот пријкавен во САД беше во средата, според истиот извор.

Според здравствените власти, ваквите бројки се резултат на посебно заразената омикрон варијантата на коронавирус. Во некои делови од САД, меѓутоа, инфекциите со варијантата делта и натаму играат голема улога.

Од друга страна, бројт на заболените на Covid-19 во САД за кои е потребно болничко лекување, значително е помал отколку летово во текот на делта бранот или од минатата зима. Според CDC, во моментов околу 76.000 пациенти се хоспитализирани со коронавирусната болест. Во јануари, кога речиси и немаше вакцинирање против Covid-19, имаше денови и со околу 125.000 хоспитализирани.

Кампањата за вакцинирање во САД во последно време бавно напредува. Досега, според податоците на CDC, 62 отсто од околу 330 милиони жители во земјата се целосно вакцинирани. Само третина од населението е довакценирано со третата доза.