Рекорден број заразени во Русија, многу починати во Њу Делхи

Русија во петокот го забележа рекордниот број новозаразени на дневно ниво со 21.983 случаи, а престолнината Москва се подготува за затворање на рестораните и ноќните клубови за да го забави ширењето на коронавирусот.

И покрај зголемениот раст на новозаразените, и руските власти како и на други места во светот засега се колебаат околу воведувањето мерки на „затворање“ како што воведоа на почетокот од годината, и наместо карантински мерки инсистираат на одржување физичко растојание, хигиена и насочени мерки во одредени подачја.

Москва во последните 24 часа забележала 5.974 нови случаи на коронаинфекции, а тамошните власти најавија дека од петокот па до средината на јануари баровите, ноќните клубови и рестораните ќе бидат затворани од 23 часот до шест часот наутро.

Во последното деноноќие во Русија починале 411 лица како последица на заразата со коронавирусот, па вкупниот почеток на смртните исходи се искачи на 32.443, со што земјата е на петтото место во Европа, зад Велика Британија, Италија, Франција и Шпанија.

Бројката на 1.880.551 севкупно заразени од избувнувањето на епидемијата, пак, ја става Русија на петтото место во светот, зад САД, Индија, Бразил и Франција.

Рекордните 104 смртни исходи од Covid-19 во четвртокот во индиската престолнина Њу Делхи во најголем дел се припишуваат на енормното загадување на воздухот, пренаселеноста и невозможноста да се оддржува физичкото растојание на јавните места. Вкупно во земјата се регистрирани 550 нови смртни исходи.

Во последните 24 часа во овој град со 20 милиони жители регистрирани се и 7.053 нови случаи на зараза со коронавирусот. Според податоците на индиското министерство за здравство, во последните 24 часа во целата земја бројот на новите инфекции се зголемил за 44.789 нови случаи.

Во Индија од почетокот на епидемијата заразени се над 8,73 милиони лица, а од последиците на инфекцијата починале речиси 129.000 луѓе.