Од месец јануари, заклучно со месец ноември 2016 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015 година бројката на превезени патници е зголемена за 15,7 % поточно превезени се 1 661 010 патници.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари – ноември 2016 година регистрирани се вкупно 1 524 985 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезесни 1 338 470 патници, се забележува зголемување од 13,9%.
На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари- јуни 2016 година, превезени се 136 025 патници, што во споредба со истиот период од 2015 година кога биле превезени 96 585 патници, се бележи зголемување од 40,8%.
Согласно, реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – ноември се: Истанбул 12,7%, Цирих 10,1%, Виена 6,3%, Базел 4,9%, Малме 4,8%, и Лондон 4,3%.
Рекордниот број на превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај.