Рекорден број оставки и смени во Белата куќа, се вмешаа и обложувалниците

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Херберт Рејмонд Мекмастер, според интернет обложувалница, има најголеми шанси да биде следната личноста којашто ќе ја напушти Белата куќа ни неговите изгледи за останување на должноста се во однос 2:3.

Рекордниот број заминување на функционери од Белата куќа во првата година откако во неа влезе претседателот Доналд Трамо, заминаа двојно повеќе за една година отколку кај петте претходни претседатели, ја инспирирале интернет обложувалницата BetDSI од Костарика да почне да прима облози за тоа кој е следниот кој ќе го напушти опкружувањето на американскиот претседател.

Обложувалницата вели дека изгледите за останување на должноста не се високи за ниеден од 24-те вработени во Белата куќа кои се на листата на обложувалницата, но во моментов, сепак, во водство е советникот за национална безбедност Мекмастер.

Откако во вторникот го отпушти американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, претседателот Трамп наводно го разгледува и отпуштањето на Мекмастер и на секретарот за воени ветерани Дејвид Шулкин, според изворите на американските медиуми. Споменатата обложувалница Шулкун дури не го вбројува во листата за кои прима облози, бидејќи верува дека неговите изгледи за заминување се толку високи што бил загубила додека би примала облози за него.

По Мекматсер, според обложувалницата, најголеми шанси за заминување имаат министерот за правосудство Џег Сешнс и портпаролката Сара Сандерс. Најсигурен, пак, според ова рангирање се потпретседателот Мајк Пенс и шефицата на бирото на за мали претприемачи Лидна Мекмахон со шанси за заминување кои се проценуваат на 1 наспроти 50.

 

Трамп веќе решил да го разреши Мекмастер

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе ја донел одлуката да го разреши од должноста својот советник за национална безбедност Х.Р. Мекмастер, објави во четвртокот вечерта весникот The Washington Post, додавајќи дека претседателот превидува да се ослободи и од други високи функционер по изненадувачкото разрешување на државниот секретар Рекс Тилерсон, за кого, пак, за волја на вистината, негови блиски рекоа дека тој првично имал план на должноста да се задржи само една години или најмногу до мај годинава.

Шпекулациите за можното отпуштање на Мекмастер веќе со седмици се во оптек низа американските медиуми. Меѓутоа, овојпат Трамп наводно бил решителен да го отстрани од Белата куќа „и активно разговара за потенцијалните замени“, тврди The Washington Post повикувајќи се на пет „извори запознаени со овие планови“.

Трамп, наводно, има намера да го отпушти Мекмастер со кој никогаш добро не се согласувал, но е подготвен да почека, бидејќи не сака да го понижи генералот со три ѕвездички и сака да биде сигурен дека пронашол солиден негов наследник, пишува дневниот весник.

Запрашана за информацијата објавена во The Washington Post, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс во петокот изјави дека нема промени во Националниот совет за безбедност, но не се изјасни за можноста наскоро да се случат.

 

Отпуштања и оставки во Белата куќа на Трамп

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презема должноста пред четиринаесет месеци, во неговата администрација е забележан рекорден број оставки и разрешувања од должноста за овој период, а последен во низата на оние кои заминуваат беше државниот секретар Рекс Тилерсон.

Следува хронолошкиот преглед на поранешните службеници и советници:

Сали Јетс, 30 јануари 2017 – Трамп ја отпушти вршителката на должноста државен обвинител, главно поради нејзиното спротиставување на неговата имиграциска политика.

Мајкл Флин, 13 февруари 2017 – Советникот за национална безбедност во Белата куќа поднесе оставка по само 23 дена минати на должноста. Призна дека „ненамерно“ дал „нецелосни информации“ за својата комуникација со рускиот амбасадор во Вашигнтон, Сергеј Кислјак, во време на кампањата.

Кети Волш, 30 март 2017 – Шефот на персоналот на Белата куќа, Рејнс Прбас, ја идентификуваше оваа личност како извор на протекување информации во јавноста и ѝ даде отказ.

Џејмс Коми, 9 мај 2017 – Претседателот му даде отказ на шефот на Федералното биро за истраги (FBI) и подоцна изјави дека со месеци планирал да го разреши. Демократите во Конгресот ја обвинија Белата куќа се обидува да ја попречи истрагата за наводната вмешаност на Русија во американскиот изборен систем и врските на кампањата на Трамп со Москва. Републиканците возвратија за негова пристрасност во врска со истрагата за незаконското користење на приватен сервер и приватна електронска адреса на демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон во периодот кога беше државен секретар.

Мајк Дабке, 30 мај 2017 – Директорот за комуникации на Белата куќа поднесе оставка по само три месеца минати на должноста.

Валтер Шаубд, 6 јули 2017 – Шефот на етичкото биро во администрацијата на претседателот поднесе оставка откако мина месеци во судир со Белата куќа, поради наводни финансиски контроверзии на претседателот Трамп.

Марк Кораљо, 20 јули 2017 – Портпаролот на правниот тим кој го застапуваше Трамп во врска со наводите за наводен договор со Русија на американските претседателски избори поднесе оставка, а истовремено оставка поднесе уште еден адвокат, Марк Касовиц.

Шон Спејсер, 21 јули 2017 – Портпаролот на Белата куќа замина кога претседателот Трамп го именуваше Ентони Скарамучи на должноста директор за комуникации.

Мајкл Шорт, 25 јули 2017 – Заменикот портпарол на Белата куќа, исто така, по четири дена по Спејсер поднесе оставка.

Рајнс Прибус, 28 јули 2017 – Шефот на персоналот на Доналд Трамп поднесе оставка и демантираше дека претседателот барал од него да замине. Рече притоа дека „секогаш ќе биде обожавател на Трамп“.

Ентони Скарамучи, 31 јули 2017 – Поранешниот банкар од Волстрит издржа само десет дена на должноста директор за комуникации на Белата куќа. Едноставно беше протеран откако ги изнавреди своите колеги во разговор со новинар на The New Yorker. Скарамучи наводно рекол за Прибус дека е „параноиден шизофреник“ и го исмејуваше Стив Бенон, тогашниот стратег на Трамп.

Стив Бенон, 18 август 2017 – Стратегот на претседателот беше жртва на внатрешните судири во Белата куќа и досега не е точно утврдено дали поднесе оставка или е отпуштен, имајќи ги предвид различните медиумски извештаи. Во интервју за изданието American Prospect, Бенон ги критикуваше функционерите во Пентагон и во Стејт департментот и се чини дека ја поткопа стратегијата на Трамп поврзана со заканата од балистичките ракети којашто ја претставува Северна Кореја.

Том Прајс, 29 септември 2017 – Министерот за здравство и социјална заштита поднесе оставка на должноста поради вмешаност во афера за приватно користење на чартер летови за вршење државни работи.

Роб Портер, 7 февруари 2018 – Секретарот за кореспонденција на претседателот Трамп поднесе оставка по наводите за семејно насилство кои ги изнесоа во медиумите двете негови поранешни сопруги и проблемите кои тие тврдења ги предизвикаа во врска со безбедносниот сертификат од високо ниво кој му беше неопходен за извршување на работата. Портер беше задолжен за пропуштање на документацијата до американскиот претседател, вклучително и на тајните документи, и за неговиот распоред.

Дејвид Соренсен, 9 февруари 2018 – Уште еден службеник во Белата куќа кој беше задолжен за пишување говори поднесе оставка поради тврдења за наводно семејно наследство, и тоа само два дена откако поради истите наводи тоа го стори Портер.

Хоуп Шарлот Хикс, 28 февруари 2018 – Директорката за комуникации на Белата куќа објави оставка ден по сведочењето пред комисијата на Конгресот која ја спроведува истрагата за наводното руско мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година. Дваесет и деветгодишната Хикс во своето сведочење призна дека зборувала невистини во текот на работењето во Белата куќа, но тврдеше дека никогаш не лажела за важните прашања. Според написите во медиумите, таа била во врска со Портер.

Гери Кон, 6 марти 2018 – Инвестицискиот банкар, главен економски советник на Трамп и челник на Националниот економски совет поднесе оставка поради несогласување со одлуката на претседателот за воведување царини за увозот на челик и алуминиум.

Рекс Тилерсон, 13 март 2018 – Разрешувањето на Рекс Тилерсон е досега најголемата промена во администрацијата на Трамп, а се очекуваше уште од ланскиот октомври кога на површината испливаа несогласувања меѓу двајцата. Тогаш, наводно, Тилерсон го нарекол Трамп „кретен“ што овој решително го негираше. Трамп јавно неколкупати критикуваше неколку дипломатски иницијативи на Тилерсон, а својот државен секретар минатата седмица ниту го известил дека ја прифаќа средбата со севернокорејскиот челник Ки, Џонг-ун.