Рекорден број убиства во Мексико во 2017-та

Во текот на изминатата 2017 година во Мексико се регистрирани 25.339 убиства во бранот на зголеменото насилство поврзани со илегалното производство и трговии со дроги, се наведува во официјалните податоци, со што 2017-та станува најсмртоносната година од почетокот на бележење на овој показател во 1997 година.

Управата за безбедност при мексиканското министерство за внатрешни работи објави во саботата вечерта дела бројот на убиените во декември изнесувал 2.219, со што вкупниот број убиени во минатата 2017 година изнесува 25.339 убиства.

Насилствата поврзани со производството и шверцувањето дроги е одговорно за повеќе од 200.000 жртви од декември 2006 година, датум кога мексиканските сојузни власти ја започнаа контроверзната операција против нарко –картелите, што според критичарите на оваа мерка, само придонело за зачестените напади и убиства.

Зголемен број убиства се случуваат изминатата деценија во сојузните мексикански држави во коишто се присутни силните нарко-картели кои сакаат да ги контролираат илегалните патишта за шверцување на дрогите вон земјата, особено на богатиот американски пазар, како што се Герера на југот или Веракруз на истокот

Меѓутоа во 2017 година и државите кои до неодамна немаа проблеми со насилството, како Баја Калифорнија, Колима, Хванахуата, започнале да бележат напади со криминална заднина, покажува официјалната статистика.

Бројот на убиствата падна под 20.000 годишно во 2013 и 2015 година, но скокна на 20.545 во 2015 година. Експертите овој нов раст на смртоносното насилство го припишуваат на појавувањето на бројни автономни криминални групации, откако беа затворени неколку шефови на големите нарко-картели.