Рекорден раст на бројот на дневни зарази со коронавирусот во Словенија

Во Словенија во последните 24 часа со направени 2.560 тестови потврдени се 79 нови случаи на заразата со коронавирусот, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата во земјата се зголеми на 3.312, од кој во моментов активни се 519 случаи, соопшти во средата словенечката влада.

Станува збор за рекорден број коронаинфекции од почетокот на епидемијата во Словенија, и зголемување за 37 случаи во однос на вторникот.

Досега на дневно ниво најмногу потврдени зарази со коронавирусот во Словенија беа рагистрирани на 26-ти март, две седмици по проглаувањето на епидемијата, кога имаше 61 случај.

Новите жаришта се во домовите за стари лица, каде што има 15 новозаразени, како и во училиштата кои беа отворени на почекото од минатата седмица, но во карантин се ставаат само одделенијата во кои е потврдена заразата, додека во другите продолжува наставата.

Во моментов во Словенија поради Covid-19 се хоспитализирани 33 пациенти, осум повеќе од ден претходно, од кои четворица се на одделите за интензивна нега, а од болниците последните 24 часа е отпуштени тројца заздравени.

Последното деноноќие не се забележани нови смртни случаи, па бројот на починатите од почетокот останува 135 луѓе.