Моментално најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ е новиот рекордер на Отвореното првенство на Австралија со седум титули, откако во неделното финале одигранои во Род Левер арената во Мелбурн го надигра Шпанецот Рафаел Надал со 6:3, 6:2 и 6:3 са само два часа и четири минути игра, и стаса до својата 15-та титула на Грен Слем турнирите.
Ова беше 53-ти дуел меѓу Ѓоковиќ и Надал и воедно 25-то меѓусебно финале. Српскиот тенисер дојде до својата 28-ма победа над Шпанецот, а во финалните средби води со 15-10. До овој меч Ѓоковиќ и Надал само еднаш се сретнаа на Australian Open, во финалето во 2012 година, кога исто така славеше Ѓоковиќ, но тогаш мечот беше решен во петтиот сет, дури по пет часа и 53 минути игра, што и натаму е најдолгото офинале во историјата на Грен Слен турнирите.
За разлика од споменатиот дуел, во годинешново финале на Australian Open, српскиот тенисер беше надмоќен уште од првиот поен, особено во гемовите во кои го имаше сервисот. Ѓоковиќ во првиот сет загуби само еден поен на сервис, а во вториот загуби пет, а во третиот кога Надал дојде до единствената можност да направи „брејк“, уште седум.
Така на Ѓоковиќ за освојување на првиот сет му беше доволен „брејкот“ во вториот гем, во вториот сет „го скрши“ сервисот на Надал во петиот и седмиот гем, а во третиот сет до „брејк“ дојде во третиот и во деветтиот гем/./
На првата меч-топка Ѓоковиќ промаши бекенд, што му беше само деветтата неизнудена грешка во мечот, а на втората ја дочека 28-та грешка на Надал за седмата титула во Мелбурн Парк.
Покрај трофејот на Норман Бруск, Ѓоковиќ со триумфот на годинешниот Australian Open заработи и 4,1 милиони австралиски долари. Надал остана со 17 Грен Слем титули и еден оствоен Australian Open во 2009 година од пет финални дуели вкупно, а за поразот во финалето заработи 2,1 милиони австралиски долари.