Намалувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка денеска силно се одрази на берзите и цената на златото и нафтата. Европската централна банка (ЕЦБ) вчера соопшти дека ја намали каматната стапка на депозитите за 25 базични поени на 3,5%. Каматните стапки на операциите за главно рефинансирање се намалени на 3,65%, а каматната стапка на маргиналните кредитни капацитети ќе изнесува 3,9%.
Според податоците на берзата, цената на златото порасна на 2.567,88 долари за унца, а на пченицата на 5,8289 долари за бушел.
Цената на суровата нафта се искачи на 69.421 долар, а на нафтата од типот брент на 72.317 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 35,245 евра за мегават-час.
Промените на каматните стапки влијаеја и на берзите. Утрово индексите на европските берзи пораснаа, а пораснаа и американските индекси.
Индексот DAX на Франкфуртската берза утрово порасна на 18.581,65 поени, британскиот FTSE 100 на 8.260,87 поени, францускиот CAC 40 на 7.461,47 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.626,63 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 41.096,77 поени, индексот S&P 500 на 5.595,76 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.569,68 поени.
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10768, приближно исто како и вчера.