Од јавното претпријатие за државни патишта јавуваат за постојан раст на наплатата на патарините. Во првите два месеци од годинава оставарен е приход од 185.883.870 денари што е за близу 14 отсто повеќе од истиот период лани, пренесува весникот „Дневник“
Ако во 2001-та биле остварени приходи од 375.200.607 денари ли нешто над шест милиони евра, лани таа достигнала рекордни 1.378.520.997 денари или 22,4 милиони евра.
Приходите речиси се удвоиле во 2008-та, период по акцијата Змиско око. Тоа, како што велат надлежните, покажува дека приходите растат не толку заради зголемениот сообраќајот колку заради засилената контрола.
Планот за патарините е да се воведе безготовинско плаќање за што веќе се работи на проект финансиран од Европската банка за обнова и развој. Плаќањето ќе се прави со смарт картички, како и со платежните картички на граѓаните.