Рекордна победа на Русија во европските квалификации

Во натпреварот од третото коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, репрезентацијата на Русија во саботата попладнето во Саранск ја постигна највисоката победи во својата историја, совладувајќи го аматерскиот тим на Сан Марино со 9:0.

Досега руската национална селекција највисоките победи ги имаше остварено двапати со резултат од 7:0, и тоа во јуни 1995 година кога жртва повторно беше Сан Марино во рамките на европските квалификации за првенството во 1996-та, и во септември 2015 година настрада Лихтенштајн во квалификациите за ЕУРО-2016

Четири погодоци постигна Артем Дѕјуба, во 31 од пенал, во 73, 76 и 88 минута, двапати погоди Федор Смолов во 77 и 83 минута, а по еден гол погодијата Федор Кудрјашов во 36 и Антон Миранчук во 41 минута, сопствената мрежа ја за затресе Мекеле Чеволи во 25 минута.

Русија сега со шест бодови се израмни со водечката Белгија, која вечерва игра со Казахстан, додека Сан Марино е последен без бодови.

Во дуелот од Групата Е, во Баку репрезентативците на Унгарија со 3:1 победија кај Азербејџан и се израмнија на врвот од табелата која во Осјек претходно го победи Велс со 2:1.

Унгарците полесно од очекуваното минаа на гостувањето кај Азербејџан, а стрелци беа Орбан во 18, Барат во 53 и Хофман во 71 минута, додека домашните само намалија во 69 минута преку Емрели.

Хрватска и Унгарија водат во групата со по шест бодови, Велс и Словачка имаат по три, а Азербејџан е без бодови.

Неочекувано пораз со 0:2 доживеа селекцијата на Босна и Херцеговина на гостувањето во Тампере кај Финска. Босанците ги закопа ветеранот Теммо Пуки кој погоди во 56 и 68 минута. Во овие моменти се игра дуелот меѓу Грција и Италија.