Рекордна стапка на смртност од Covid-19 на Нов Зеланд

Нов Зеланд бележи рекорден број на смртните случаи од Covid-19, а новиот бран на заразите со подваријантите на омикрон сојот на коронавирусот особено се покажал погубен за постарото население.

Според податоците од новозеландското министерство за здравство, во седумте денови од 16-ри јули до петокот, од Covid-19 починало 151 лице, додека во најлошата седмица во претходниот бран на епидемијата во март годинава починале 115 лица.

Во последните 24 часа од новите подваријанти на коронавирусот починале 26 лица, сите повозрасни од 60 години.

Во последните седум дена забележани се 64.780 активни случаи, но властите тврдат дека и голем број зарази не се пријавуваат. Во новиот баран на епидемијата во Нов Зеланд, кој има 5,1 милиони жители, преовладува подваријантата ВА.5 на омикрон сојот.

Со брзиот одговор на властите на епидемијата, со многу строгите рестриктивни мерки и високата стапка на вакцинираност, Нов Зеланд важеше за пример во борбата со Covid-19, но од крајот на минатата година заразите безмилосно се шири.

Амбулантите од општа пракса, итна служба и болниците на островската држава се под притисок, но бројот на хоспитализациите е малку помал отколку во март.

Иако владата засега не воведува ограничувања на движењата и обврска за носење заштитни маски во училиштата, министерството за образование им советува на училиштата да ги вратат маските, кога следната седмица учениците ќе се вратат од распустот.