
Рекордна туристичка сезона во Грција. Туристичката 2015 година за Грција се очекува да заврши со 15,5 милијарди евра приходи и рекорден број од 26 милиони туристи.
За ова информира Елена Кундура, заменик министер одговорен за туризмот, пренесува МИА.
Таа додаде дека државата е меѓу десетте водечки туристички светски дестинации.
Туризмот е столб на економскиот развој и на социјалната кохезија на Грција. Туристичкиот сектор е околу 20 отсто од БДП на државата и обезбедува еден милион работни места, додаде Кундура.