Рекордни 1,4 милиони евра за плати во министерството на Груби

Со ребалансот на буџетот во се предвидени рекордни 85 милиони денари (1,4 милиони евра) за плати на вработените во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците или за 30 милиони денари повеќе, објави Левица на фејсбук профилот.

„Пред непосредното покачување на цените на храната и електричната енергија, во време на рекордни стапки на инфлација и непредвидливо идно економско полугодие, со шампионски неразвојниот ребаланс на буџетот, се предвидува дополнително јакнење на јазолот на непродуктивноста во државната администрација.
Додека македонските граѓани секојдневно не можат да сврзат крај со крај во услови на немаштија, Артан Груби одвојува дополнителни 30 милиони денари за плати во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Со ова, ДУИ вработува партиски кадри, кои се дополнителен терет врз преоптеретената државна админситрација, во време додека Владата на Димитар Ковачески и режимот Заев-Ахмети-Ковачевски, не сакаше да одвои ни денар повеќе за просветните работници.


Работата на ова министерство е позната во македонската јавност со контроверзната распределба на работни места, кои се пополнети со вработени кои не го посетуваат работното место, ниту пак ги изврушуваат работните обврски. Ова се одразува во севкупниот квалитет на Министерството кое има широк дијапазон на ингеренции, кои секако не ги става во полза на граѓаните, туку на штета на државната каса, која се празни на контото на ДУИ.
Единствено познато на јавноста за работата на ова министерство се организирањата на анти-државничките настани кои единствено промовираат раздор и неединство, а не за промоција на вистинска инклузија и заедништво, како и вреднување на човековите права и заштита од дискриминација кои редовно во Европските извештаи добиваат негативни оценки.
Сепак, очигледно е дека уште една од работите во делокругот на ова министерство се и роденденските прослава на високи партиски функционери на ДУИ, каде во време кога беше законски задолжително носењето на маски со цел да се спречи пандемијата и да се заштити јавното здравје, ниту еден од нив не носеше заштитна маска. На крајот, сите поминаа неказнети, затоа што се дел од владејачката класа, која меѓусебно се штити“, напиша Левица.