
Вкупно 1.649 граѓани се лекуваат од корона вирусот во болниците во земјава и има околу 260 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 675 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 18 приеми, 14 биле примени на Инфективната клиника, во Козле 1, а на Детската клиника две деца.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 140 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.
Од денеска работи и ковид центарот во Заводот за рехабилитација со капацитет од 38 кревети.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 974 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 103 пациенти, во Штип 63, Тетово 47, Велес 84, Куманово 166, Охрид 103, Прилеп 127, Гостивар 36, Струга 14, Струмица 84, Кочани 33, Кичево 21, Кавадарци 72, Гевгелија 21.