Рекордни 144 мостри од вина и ракии на натпреварот во Неготино

Рекордни 144 мостри од вина и ракии пристигнаа на натпреварот во Неготино што го организира Општината во рамки на Неделата на вино.

Мострите се од вина и ракии од реколтата 2021. Притоа, 57 се во категоријата црвени вина, 48 во категоријата бели вина, додека 39 мостри се во категоријата ракии.

– Оваа година стручната комисија составена од професионални енолози има „полни раце работа“ во делот на дегустацијата на вина и ракии од индивидуални производители. Сите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани, а за најдобрите општина Неготино има обезбедено пригодни награди кои на најуспешните производители ќе им ги врачам во понеделник на 14-ти февруари, на празникот Свети Трифун кога е и централната прослава во Неготино, информира градоначалникот Горан Стојанов.