Рекордни 195 новoзаразени со коронавирус се регистрирани во понеделникот во Косово, додека уште четири пациенти починале, јавува Анадолија.
Националниот институт за јавно здравје на Косово објави дека вкупно 429 сомнителни примероци земени од Клиниката за инфективни болести и мониторинг на контакт биле тестирани на 6 јули, од кои 195 биле позитивни за коронавирус. Повеќето од позитивните случаи има во општина Приштина, дури 102.
Вкупниот број на позитивни случаи досега е 3.703 од вкупно тестираните 25.674 лица, со 79 смртни случаи од КОВИД-19 кои исто така имале и други болести.
Уште 44 пациенти биле излекувани, што е вкупно 1.946 излечени случаи. Во моментов има 1.688 активни случаи.
По големото зголемување на бројот на заразени и мртви во последните две недели, Владата на Косово донесе нови мерки за борба против пандемијата КОВИД-19, која стапи во сила денес.
Во градовите со голем број заразени лица, Приштина, Призрен, Феризај и Вуштри, беше воведена забрана за движење на граѓаните од 21 часот до 5 часот наутро.Рекордни 195 новозаразени со коронавирус во Косово.