„Денвер Нагетс“ ја продолжи серијата без пораз и по четири натпревари има исто толку победи. „Нагетси“ славеа на домашен терен против „Сакраменто“ со 126:112. Лидер на тимот од Колорадо пак беше Србинот Никола Јокиќ, кој оствари дабл-дабл, со 14 поени, 12 скокови и шест асистенции. Кај домаќините најефикасен беше Џамал Мареј со 19 поени. За „Кингси“ најефикасен беше Марвин Бегли со 20 поени, 9 скока и 3 асистенции.
Во вториот натпревар „Детроит“ славеше против „Филаделфија“ во неизвесен натпревар по продолженија со 133:132. Херој во победата беше феноменалниот Блејк Грифин кој одигра меч на кариерата со 50 поени, 14 скока и осум асистенции. Токму неговото положување и слободно фрлање на секунда пред крајот донесоа и победа за домаќинот. Реџи Џексон постигна уште 23 коша. Кај „Филаделфија“ пак беше најдобар Џоел Ембид со 33 поени, 11 скока и 7 асистанции и Џеј Џеј Редик со 30 поени.
Трета победа оствари „Њу Орлеанс“, кој исто така е без пораз. „Пеликаните“ дојдоа до третата победа во новата сезона. Тие славеа на свој паркет против „ЛА Клиперс“ со 116:109, предводени од Ентони Дејвис со 34 поени и 13 скока, како и Елфрид Пејтон со 20 скока, и по шест коша и асистенции. Кај противникот имаше Тобиас Харис 26 коша, 9 скока и 3 асистенции.