Во Хрватска во четвртокот се регистрриани рекордни 542 нови случаи на зараза со коронавирусот, а починало едно лице, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активните случаи во Хрватсака изнесува 2.206 лица, од кои 361 пациент е на болничко лекувањње, а од нив 27 паценти се на респиратори.
Од 25-ти февруари, кога е потврден првиот случај на зараза со коронавирусот во Хрватска, досега вкупно се регистрирани 18.989 заразени лица, од кои 310 починале. Од 16.473 заздравени пациенти досега во последнтие 24 часа оздравеле 165 лица. Во самоизолација во моментов се 10.908 лица. До денеска вкупно се тестирани 344.533 лиа, од кои 5.939 во последните 24 часа.
Досегашниот рекорд според бројот на новозаразените лица беше на 3-ти септември кога во Хрватска беа регистрирани 369 нови случа и на коронавирусот.