![Coronavirus: infermieri Cremona, noi non eroi ma persone](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/koronavirus-italija-2.jpg?resize=696%2C455&ssl=1)
Бројот на починатите од коронавирусот во северниот италијански регион Ломбардија се зголеми во еден ден за 546 лица, соопштија во саботата локалните власти.
Со тоа севкупно во оваа економски најразвиена покраина во Италија, досега од коронавирусот починале 3.095 лица.
Ова е највисокиот скок на жртвите во еден ден во Ломбардија во еден ден од избувнувањето на заразата.
Бројот на инфицираните во споменатиот регион, чиј центар е италијанската финансиска престолнина Милино, се зголеми за 3.251 на 25.515 заболени, соопшто шефот на службата за социјална гружа на Ломбардија, Џулио Галера.
До петокот вечерта бројот на починатите во Италија од коронавирусот изнесуваше 4.031, што е најмногу во светот.