Рекордни бројки нови короназарази во Франција, Италија, Турција и Шведска

Франција, Италија, Турција и Шведска забележаа во средата рекордни случаи на зарази со коронавирусот, за што се смета дека е резултат на ширењето на позаразната но помалку смртоносна омикрон варијанта на вирусот.

Францускиот министер за здравство Оливие Веран пред парламентарците во средата изјави дека се регистрирани околу 335.000 случаи на зараза со Covid-19, што е нов рекорден показател за земјата.

„Суперсоничниот“ раст на бројот на заразените на дневно ниво во Франција ќе продолжи следните денови и неам сигнали за промена на трендот, изјави портпаролот на француската влада Габриел Атал.

Бројот на починатите со Covid-19 во Франција во последните 24 часа изнесувал 246 со што вкуниот број починати достигнал 97.670 луѓе.

Италија, пак, ги забележа рекордните 189.109 случаи на заразата во средата, а ден претходно беа потврдени 170.844 коронаинфекции, објави тамошното министерство за здравство.

Починало 231 лице со Covid-19, а ден претходно 259 и од почетокот на паднемијата во Италија потврдени се 138.276 смертни исходи и 6,76 милиони случаи на заразата.

Во средата во италијанските болници имало хоспитализирани 12.364 ковид-пациенти, што е раст во однос на 12.912 во вторникот. На одделите за интензивна нега хоспитализирани се 132 нови ковид-пациенти, што претставува пад во однос на 153 од ден претходно. Вкупно во моментов на одделите за интензивна нега се зголемил од 1.392 на 1.428 пациенти.

Турција во средата потврди 66.467 нови случаи на зараза со Covid-19, што е рекордна бројка за оваа земја, објави министерството за здравство. Во последните 24 часа потврдени се и 143 смртни исходи. Бројот на дневно заразените во Турција за повеќе од двојно е зголеме за малку повеќе од една седмица.

„И покрај растот на бројот на заразените поради омикрон варијантата на коронавирусот, нема загрижувачки раст на хоспитализациите“, објави на Twitter министерот за здравство Фахретин Коча.

Покрај Франција, Италија и Турција, и Шведска во вторникот 4-ти јануари потврдија рекордна бројка новозаразени од 17.320 лица.

Хрватска, исто така во средата пријав рекордни 8.587 новозаразени, што е 47 отсто во однос на 5.845 новозаразени во вторникот.