Рекордни ниски 36 отсто Американци согласни со работата на Бајден

Нивото на одобрување на Американците на работата на Џо Бајден на должноста претседател на САД во заднината на растечката инфлација во земјата оваа седмица на рекордно ниските 36 отсто, спопред истражувањето спроведенот од Ipsos/Reuters.

Според агенцијата, овој показател паднал за 6 процентни поени во однос на една седмица претходно.

Дури 59 отсто од испитаниците не ги одобруваат активностите на американскиот претседател.

Од испитаниците кои се изјасниле како поддржувачи на американската Демократска партија, чиј припадник е Бајдени, 72 отсто ја поддржуваат работата на шефот на државата, или 4 процентни поени помалку од минатата седмица.

Истражувањето било спроведено на 23-ти и 24-ти мај на примерок од 1.005 возрасни Американци, со маргина на можната грешка од 4 процентни поени.