Со максималната победа од 3-0 над Томи Пол во второто полуфинале на Отровореното првенство, Ѓоковиќ го забележа 27-от последователен триумф на неговиот омилен Грен слем турнир.
Со денешниот триумф популарниот Ноле стана тенисерот со најдолга победничка серија во Мелбурн, надминувајќи го рекордот на Андре Агаси од 26 последователни победи во АО од 2000 до 2004 година.
Во денешното полуфинале Ѓоковиќ на фуриозен начин го декласираше Американецот Пол препуштајќи му во трите сета само 8 гема,7-5, 6-1 и 6-2.
https://twitter.com/AustralianOpen/status/1618929141914419201?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1618929141914419201%7Ctwgr%5Ea9c9452bc514f646be09526f79398cf61da48b50%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Frekordno-desetto-finale-na-gjokovikj-vo-melburn%2Fa565809
Ѓоковиќ в недела против грчкиот тенисер Стефанос Циципас ќе го игра своето десетто финале на АО, во претходните девет финалиња Ѓоковиќ секогаш стигнуваше до пехарот.