
Консумирањето марихуана меѓу младите Американци достигнало минатата година рекордно ниво, а во пораст е и уживањето халуциногени супстанции, покажува неодамнешно истражување.
Дури 43 отсто од 5.000 возрасни млади лица рекле дека минатата година консумирале марихуана, а во 2016 година таква потврда дале 34 отсто и 29 проценти во 2011 година, покажува судијата „Monitoring the Future“ на мичигенскиот универзитет презентирана во понеделникот.
Околу 25 отсто од испитаниците рекле дека консумирале марихуана во текот на претходниот месец во 2021 година, а такви во 2016-та имало 21 отсто и 17 отсто во 2011-та.
Секојдневното користење на марихуаната е речиси удвоено во текот на последните десет години, од 6 отсто во 2011 на 11 отсто во 2021 година.
Авторите на овие истражувања кои ги финансира Американскиот институт за здравје (NIH), предупредуваат дека нивото на консумирање на марихуаната во 2021 година е „највисокото од 1988 година кога започнало следењето на овој тренд“.
Кога станува збор за халуциногените дроги, 8 отсто од младите полнолетни Американци рекле дека во 2021 година земале ЛСД, МДМА (активна супстанција на екстази), мескалин, пејотл и ПЦП, што, исто така, преставува раст во однос на 2016-та кога имало 5 отсто и на 2011-та кога ги имало 3 отсто.
Речиси 82 отсто од испитаниците рекле дека пиеле алкохол во текот на последните дванаесет месеци, што претставува благ пад во однос на 2016-та со 83,5 отсто и на 2011-та со 83,8 отсто.
Во студијата не се наведуваат причините коишто стојат зад овие бројки коишто покажуваат пораст на консумирањето, но марихуаната за „рекреативни цели“ во моментов е легална во речиси 20 американски сојузни држави.