Гледаноста на последното свечено доделување на најпрестижните филмски награди падна на само 9,85 милиони телевизички гледачи во САД, што претставува намалување за повеќе од 58 отсто во однос на претходната година и е најниската во иторијата, покажуваат податоците на телевизиската мрежа ABC News која ги имаше правата на преносот.
На почетокот од минатата година пред пандемијата на коронавирусот која ги погоди Холивуд и воопшто филмската индустрија во светот, вечерта на доделувањето на Оскарите привлече 23,6 милиони американски гледачи, што беше дотога најлошата следеност на овој настан.
Најновиот рекорден лош резултат го очекуваа и оние кои ги следат показателите во филмската индустрија, имајќи ги предвид и пандемиските и политизираноста на Холивуд во поделените САД. Тој одговара и на податоците од другите настани на доделување на филмските награди, како што беше при Златниот глобус.
Кино-салите во поголемиот дел од 2020 година беа затворени а водечките филмски студија ги одложија големите продукции, па се смета дека годинашните кандидати за Оскарите не биле познати за пошироката публика, иако беа широко достапни и промовирани на интернет, вклучително и големиот победник на вечерта „Земјата на номадите“, независно остварување со скромен буџет и со многу натуршчици кои се глумат самите себеси.
Падот на гледачите на гламурозното доделува на Оскарите е редовен последните неколку гоини. Последниот пат значителна гледанот беше забележана во 2014 година кога гала вечерта ја селеделе 43 милиони телевизиски гледачи.