Рекордно високи температури во Рим

Натпросечно високите температури за овој период од годината го соборија рекордот во италијанската престолнина, Рим, каде е измерена највисоката температура во последните два века.

Тамошните медиуми наведуваат дека е забележан рекорд кога се во прашање температурите во февруари.

Висината на температурите во овој дел од годината забележана во Рим не е регистрирана во последните 232 години.

„Денеска во Рим биле регистрирани повеќе од 20 степени“, наведува италијанскиот Метеоролошки завод.