„Во изминатите пет години заедно со мојот тим испорачавме политики во интерес на граѓаните. Продолжувам да се борам и да ги застапувам истите вредности, истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и силата на жените и младите“
Но слушајќи ја денес Вашата изјава, решив да Ви го напишам ова писание, не за да нешто Ви соопштам, бидејќи Вас ништо не Ве допира, туку за да подетално можат моите другари, колеги и цела јавност (за Вас плебс), да видат со каков африкански диктатор си имавме работа ние од образованието. Не знам на што се должеше Вашето деспотско однесување. Од една страна постојано зборувавте за Европа и европски вредности и секако за Вашите омилени МАРГИНАЛИЗИРАНИ КАТЕГОРИИ на родови булшит филозофии, а од друга страна посамобедисана и полоша сте од Роберт Мугабе.
Тоа е веројатно поради фактот што никогаш не сте работеле во образование, а дојдовте како самопрогласен реформатор и ослободител од долгогодишните несоодветни политики во образованието. И така прекрасно поткована со знаења, стекнати во невладината ХЕРА, дојдовте да заповедате, да не почитувате никого. Чудно, ХЕРА склучи договор со БРО за незнам колку пари да не учат нас и нашите деца за тоа дека нема само маж и жена, туку има и друго. За тоа дека има пол, но има и род. За тоа дека секс може да имаат и маж со маж.
Но, непочитувана министерке за ова веќе знаат сите. Заради Вас и Вашите каприци изборите поминаа на штета на СДСМ. Добро, не само заради Вас, но секако Вие непочитувана министерке сте во Топ 5 најомразени личности од власта. Секако, да не заборавам и најлош министер за образование. И ова не е само моја оцена. Цело министерство плаче од Вас. Од портирот доле што мора да ви го чува лифтот и да ги брка сите од фоајето кога Вие доаѓате, па се до 14-ти кат. Сите сектори го сонуваат денот кога ќе си заминете. И Вие и Вашите умислени послушнички што си ги донесовте од Труд и социјала.
Вашиот незаконски поставен пулен самиот со одлука си ја зголеми платата од 33.000 ден. на 43.000 ден. Ги прогласи и тоа со документ, колегите членови на училишниот одбор за криминалци, го попречуваше изборот на претставници на родители, изборот на членови на одборот, вршеше мобинг и го принуди секретарот да оди во предвремена пензија.
Вашиот пулен Филип Фидановски со Ваша помош ги промени нормативите. Ви пиша писмо во кое Ви соопшти дека на пола школо им ги менува нормативите и тие остануваат на улица. И Вие му потпишавте. Ги имам СИТЕ документи. Смени нормативи на пример на предметот Применета графика, каде што наместо Факултет за ликовни уметности-графика, стави Факултет за ликовни уметности-сликарство?!? Ги укина сите нормативи по предмети со норматив ФЛУ-педагошки оддел. На состанок ни изјави дека ќе донел светско име да предава Фотографија. Ќе го донел Милчо Манчевски. Да не ти се верува!!! Секако дека оваа вест Милчо ја демантираше.
Дојдовте ли барем еднаш да поразговарате со нас? Кога велам НАС, мислам на сите професори што се спротиставивме на ова лудило. А тоа бевме 99% од професорите. Никој немаше позади Филип Фидановски. Сите беа против него и неговите лудории. И вие наместо да дојдете и да го решиме проблемот, Вие не нарековте “Бандата на Диме”.
Делот каде што ќе Ве разобличам. Каде што ќе докажам дека позади Вашата наместена насмевка се крие само криминалец. Оти криминалец е нели човек кој не ги почитува законите. Особено е поразително кога министер не почитува право и закон. Бидејќи владата за тоа се залага. И Европа налага, нели? Правосудство, право, владеење на закони.
Зошто? Затоа што се мајмунисувате со законите на оваа држава. Затоа што ја испративте инспекторката Соња Зашовска од ДПИ, која констатираше со записник дека НИКОЈ во училиштето нема соодветни квалификации за директор. (Прилог 2) За ова ЛАЖНО составување на записник против инспекторката Зашовска е покрената и постапка. (Прилог 3 и 4).
И правдата ќе си ја истерам. И не само јас. И сите оние мои колеги од уметничко кои се бореа и се борат сеуште со штетата што ја направивте. И не само колеги. И родители. И ученици. И бивши и сегашни. Сите оние што застана гордо и со исправена глава против Вашиот терор.
ПС- Незнам зошто ќе го менувате цел кров на училипштето за 150.000 евра кога нигде не тече.
Без почит,
Димитар Филиповски, академски вајар од Скопје- професор во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“-Скопје